Архива

Ќе се изнагледаме вакви клизачи

Како и секој стар човек, и Џо Бајден е греота да се закача заради староста ама па уште погреота сме сите ние на планетава ако остане (макар номинално) на таква позиција со таква физичка и ментална кондиција (кон крајот на тој мандат би бил комплетен холограм). Трамп го сподели овој спот со фановите. "Joe Biden & The Alzheimers", бе!"Keep falling", бe!

Книжевни совети од Буковски

Нашле кого да прашуваат од каде ја црпи инспирацијата за пишување и творење. Стариот одма покажува на боцата која му е во рака како што куката му е на капетан Кука. Накратко: вино и пиво - да, виски - не. Второво пребрзо те пијани и стануваш премногу драматичен и онда срање. Со пиво или вино можеш со саати. Проверено.

Букбокс читанка: „Кога престануваме да го разбираме светот“ од Бенџамин Лабатут

Ретко се случува да сме толку воодушевени од некоја книга што го одложуваме пишувањето за неа за да не си го расипеме чувството, кое во процесот на прераскажување и интерпретирање се рационализира и разводнува. Оваа е една од нив. 

На маргините на големите средби

Еден дражесен детал “од втор план“ на големата и битна руско-кинеска средба на ниво Путин- Џинпинг. Двајца бодигарди од руското и кинеското обезбедување. Застанаа еден покрај друг, се видоа, си климнаа со главите и се разбраа дека сè е ок. Колеги и професионалци, со почит за лебот што го јаде другиот.

Цивилните жртви на американскиот анти-тероризам

Кон крајот на февруари оваа година, официјалната војска на Буркина Фасо има убиено преку 220 цивили од кои 56 биле деца, во две села на северот на земјата. Знае Африка да биде брутална. Меѓутоа, ова е армија чии офицери се обучувани од американската војска. И згора на сè, даскалите уште се таму, да не им затребаат на учениците дополнителни часови.

Херојската одбрана на 19 годишниот Галевски вредна историско финале за Алкалоид

Вардар и Алкалоид одиграа драматично и неизвесно полуфинале во Купот на Македонија. За влакно не гледавме седмерди.

Вујо за младите генерации и опсесијата со телефоните

Легендарниот ракометен стратег кажува пример од едно патување во Лига на шампиони, за тоа каква била разликата кај ракометарите кога биле со и без интернет.

Мурињо: Модриќ е убавината на фудбалот

Жозе Мурињо го смета Лука Модриќ за гордост и вели дека кога го однел во Реал Мадрид, никој не верувал дека е за таму, а уште игра после толку години.

Арсенал 2004 vs Баер Леверкузен 2024

„Непобедливите“ на Арсенал е приказна која уште се раскажува. Ама погледнете го вие внимателно хитот на сезоната во Европа какви бројки вади. Да потсетиме, имаат уште едно коло во Бундес и финалиња во Куп и ЛЕ.