Невидена работа: навивачи и играчи од ист тим се гаѓаа со бакљи

И покрај тоа што е дел од фамозната Сити Груп во која припаѓаат Манчестер Сити и уште некои други богати клубови, француска Троја игра очајна сезона во втора лига. На 17-то место се, со 38 бода и речиси сигурно ќе испаднат во трета лига. Во петокот вечер Троја играла против Валенсиен кој е одамна испаднат и последен на табела. При резултат 1-1 домашните навивачи револтирано фрлале бакљи на терен и судијата го прекинал мечот во 88’ минута.

Несвојствено е што фудбалерите на Троја со сета сила ги враќаат бакљите на трибина кај навивачите и дури ги гаѓаат:

 

4 мај 2024 - 13:07