Дончиќ и Кајри Ирвинг го потопија ЛА Клиперс

Далас Маверикс го добија шестиот меч од серијата против ЛА Клиперс и со вкупен резултат 4:2 одат во полуфинале на Западот.

На свој паркет во своја сала, Далас Маверикс славеше 114:101, ги совлада Клиперс со 4-2 во серијата и сега ќе игра во полуфинале на Запад против Оклахома Сити Тандер.

Одново главни јунаци на триумфот на Маверикс беа Лука Дониќ  Кајри Ирвинг кои заедно уфрлија дури 58 поени. Лука го заврши мечот со 28 поени, седум скока и дури 13 асистенции а Кајри Ирвинг блескаше со 30 поени со шест скока и четири асистенции и две одземени топки.

Дончиќ за 43 минути на паркетот уфрли 9/26 од игра и 1/10 за три поени но учинокот од слободни фрлања 9/11 му ја поправи статистиката. Кај Клиперс, кои и овојпат играа без Каваи Ленард најефикасни беа Норман Пауел со 20 поени, Пол Џорџ со 18 поени, Ивица Зубац со 17 поени и Џејмс Харден со 16 поени.

ОРЛАНДО ИЗРАМНИ НА 3-3 ВО СЕРИЈАТА СО КЛИВЛЕНД

Кошаркарите на Орландо Меџик го совладаа Кливленд Кавалирс 103:96 и израмнија во серијата која ќе има мајсторка, односно седми меч кој ќе го одлучи патникот во полуфинале на Исток каде веќе подолго време ги чека Бостон.

Донован Мичел уфрли неверојатни 50 поени за Кливленд Кавалирс но и тоа не беше доволно да направат брејк и да ја довршат серијата против Орландо Меџик.

Паоло Банкеро со 27 поени, 8 скока и 4 асистенции беше најефикасен кај „магичните“ а Франц Вагнер уфрли 26 поени со пет скока и две асистенции. Џајлен Сагс додаде 22 поени со шест скока и четири асистенции.

Cup tree provided by Sofascore
4 мај 2024 - 10:00